ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МФ: Владините политики го задржаа и потврдија кредитниот рејтинг од „Стандард и Пурс“

January 28, 2023 13:06
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО

Република Северна Македонија доби потврда за политиките што ги спроведува и во време на криза и го задржа кредитниот рејтинг ББ- со стабилен изглед, утврден од Агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“. Кредитниот рејтинг ББ- со стабилен изглед земјава го има во континуитет и особено е значајно дека рејтингот не е променет и во време кога се соочуваше со здравствено-економска криза, како и ценовната и енергетска криза, посочуваат од Министерството за финансии (МФ).

 

Стабилниот изглед, според „Стандард и Пурс“, како што велат, ги рефлектира очекувањата дека проактивното креирање политики на Владата, како и умерените нивоа на државниот долг ќе ги неутрализира повеќекратните ризици кои произлегуваат од конфликтот во Украина.

-„Стандард и Пурс“, во извештајот нотира дека кризата ќе има влијание врз економскиот раст и во текот на оваа година, но очекувањата се дека на среден рок тој ќе се врати на трендот пред кризата. Двигатели на растот, според „Стандард и Пурс“, ќе останат силната приватна потрошувачка поддржана од приспособливата монетарна политика, растот на платите и дознаките од странство. Покрај потрошувачката, клучен двигател на растот, ќе бидат инвестициите, особено јавните инвестиции, како што се проектот за автопатот Коридор 8 и Коридор 10. Придонес врз економските перспективи на земјата се очекува и од придвижувањето на ЕУ пристапниот процес. Странските директни инвестиции се очекува да закрепнат, а инфлацијата и ценовните притисоци да се намалат, прецизираат од МФ.

„Стандард и Пурс“, како што посочуваат очекуваат фискалната консолидација да продолжи. Кризата во 2023 година ќе има се уште влијание, но сепак буџетскиот дефицит очекува да биде понизок во однос на 2022 година на ниво од 4,1 отсто, кое е пониско од владините проекции (4,6 отсто). Придонес кон напорите на земјата за фискална консолидација според Агенцијата ќе има новиот Закон за буџети кој предвидува фискални правила и формирање независен Фискален совет. Се нотира дека се очекува и стабилизирање на државниот долг на среден рок, а позитивни ефекти се очекуваат и од даночната реформа.

Агенцијата нотира дека е значајно да продолжат напорите за структурни реформи, зајакнување на институционалните капацитети при истовремена консолидација на одржливите фискални политики.

-Напорите за пристапување на нашата држава во ЕУ ќе придонесат за зајакнување на институционалната рамка. Кредитниот рејтинг на една земја го покажува степенот на ризик од инвестирање во неа, и е еден од клучните индикатори коишто потенцијалните инвеститори ги земаат предвид при носење на нивните одлуки, велат од МФ.

Извор: МИА

Tags: кредитниот рејтинг од „Стандард и Пурс“монетарна политикаМФфискални политики
Next Post

АД ЕСМ вчера произведе 19.180 мегават часови електрична енергија

НАЈНОВО

Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

August 19, 2025

„Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

August 19, 2025
Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk