Украина ќе добие тенкови „Леопард“ од Шпанија уште оваа пролет, најави шпанската министерка за одбрана Маргарита Роблес, јавува дописникот на Укринформ, повикувајќи се на RTVE.
Според Роблс, тенковите Леопард што Шпанија ќе ги испрати во Украина како дел од одлуката донесена од западните сојузници ќе стигнат во земјата уште оваа пролет, по завршувањето на процедурите за доопремување.
Според нејзините зборови, тенковите што ќе бидат испратени се Леопард 2 А4, кои во моментов не се користат и се стационирани во базата во Сарагоса.
Во исто време, Роблс не го спомна точниот број на тенкови кои ќе и бидат предадени на Украина.
„Ќе ги видиме потребните поправки. Пристапот на сојузниците е дека тоа ќе биде на пролет. Пред тоа нема да биде потребно физичко присуство на Леопардите, а ние ќе го искористиме тоа време за тренинг“, истакна Роблес.
Германскиот канцелар Олаф Шолц најави дека Германија ќе ја зголеми воената поддршка за Украина. Како прв чекор, Германија ќе испрати 14 тенкови Леопард 2 А6 во Украина од залихите на Бундесверот.
Канадската министерка за одбрана Анита Ананд, во четвртокот изјави дека Канада ќе испрати четири тенкови Леопард во Украина.
Подготви: Д. Мишев
Извор: ЦивилМедиа