ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Постигнато во 2022, визии за 2023, Владата организира дводневна конференција „Година на нови можности“

January 29, 2023 14:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата организира дводневна годишна конференција „Година на нови можности“ на 30 и 31 јануари 2023 година.

Конференцијата со воведно обраќање ќе ја отвори претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, по што на засебни панел сесии, ќе се дискутира за најважните теми кои беа во фокус изминатите дванаесет месеци. Целта на годишната конференција е преку дискусија да се направи пресек на владините мерки и случувањата во 2022 година, со акцент на идните насоки и визија во 2023 година.

Обраќање ќе има и првиот вицепремиер, Артан Груби. Во рамки на конференцијата во двата дена е предвидено одржување на вкупно 8 панели на различни теми.

На првиот панел „ЕУ интеграции и реформски процеси“  ќе се дискутира за евроинтегративниот процес, скринингот, европските фондови, општествените реформи како и владеењето на правото и европските вредности.

На вториот Панел „Капитални и инфраструктурни проекти за подобар квалитет на живот и развој на културата во услови на криза“ ќе се разговара за Капитални инфраструктирни инвестиции, но и за достигнувањата и плановите, како и остварените и планирани капитални инвестиции во Образованието, Културата и Животната средина.

На третиот Панел „Инвестиции и економски раст во услови на криза”, ќе се дискутира за условите и можностите кои ќе обезбедат дополнителни странски и домашни директни инвестиции, ќе обезбедат нови работни места, повисок стандард, но и ќе поразговараме за тоа за генералните насоки за економски раст во услови на криза.

На четвртиот Панел „Социјални и здравствени политики во време на криза“,  ќе се разговара за ефектите од антикризните мерки, воведувањето на новите методологии за раст на минимална и просечна плата како и новата методологија за раст на пензиите, како и за здравствените политики во изминатава и следнава година.

Во текот на вториот ден од конференцијата ќе се одржат исто така четири панели.

Конференција  започнува со Панелот со наслов „Северна Македонија како зелен енергетски хаб – како да се претвори кризата во можност“ на кој ќе се дискутира за енергетските предизвици, енергетската трансформација на земјата и потенцијалите на зелената економија.

На вториот панел „Надворешна, безбедносна и одбранбена политика, предизвици и можности за обезбедување меѓународна соработка и сигурност“,  ќе се дискутира за важноста на нашето претседавање со ОБСЕ, придобивките од членството во НАТО, како и останати аспекти на надворешната, безбедносната и одбранбената политика на Северна Македонија.

На третиот Панел „Фискални, монетарни и даночни политики во време на криза“  ќе се разговара за предизвиците и можностите за спроведување фискални, монетарни и даночни политики кои ќе обезбедат стабилност, сигурност и можност за понатамошен економски развој.

На четвртиот, завршен панел со кој ќе се заокружи конференцијата е насловен „Рамномерен регионален и локален развој и придобивки од новиот систем за субвенции во земјоделство“. Ќе се дискутира за можностите за развој на земјоделието преку новиот систем за субвенционирање, како и за можностите за рамномерен регионален развој преку поддршката на локалната самоуправа, но и за улогата на дијаспората за развојот на локалната економија, велат од Владата.

Плодните дискусии ќе обезбедат добри насоки за тоа како, оваа 2023 година да ја погледнеме како можност и да ги искористиме предизвиците за да обезбедиме стабилност, сигурност, подобар животен стандард, подобро владеење на правото, подобра инфраструктура, подобри услуги за граѓаните, економски напредок, социјална правда, владеење на демократија и подобар живот по европски стандарди.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Влада на Република Северна Македонијадводневна годишна конференција „Година на нови можности“енергетската трансформацијаенергетските предизвиципотенцијалите на зелената економија

НАЈНОВО

Ердоган: Одлуката на Курдската работничка партија да го положи оружјето отвора нова страница во историјата

July 12, 2025
Фото: МИА

Премиерот Мицкоски на промоција на реконструираниот музејски комплекс во Заливот на коските на брегот на Охридското Езеро

July 12, 2025

Американското Министерство за правда отпушти уште девет вработени кои воделе истраги за Трамп

July 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Tошковски: Имало физички контакт при нападот врз Арсовска, но лага е дека се се случувало пред полицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зоран Кардула со нова самостојна изложба: „Flora Imaginarium“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk