ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Груби: Нема повеќе време, ниту простор за калкулации, или сте за или сте против Европа

January 30, 2023 11:50
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Нема повеќе време, ниту простор за калкулации и измами. Или сте за Европа или сте против. Нема простор за средна зона, бидејќи нема друга алтернатива, порача првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, повикувајќи ги сите да се придружат на, како што рече, прогресивното мнозинство „на патот за Европска алијанса“.

–  Дојдете сите заедно. Албанци, Македонци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци, политички партии, граѓанското општество, медиуми, креатори на јавното мислење, академскиот свет и сите граѓани. Дојдете на првата линија на европско-македонскиот фронт, повика Груби, во своето воведното обраќање на денешната конференција „Година на нови можности“ во организација на Владата.

Според Груби, иако имало обиди земјата да се втурне во непредвидливост и ваквите закани се уште не престануваат, тоа не ги обесхрабрува, за како што вели да го реализираат тоа што го ветиле на граѓаните – еднаквост, развој, интеграција, мир, безбедност и стабилност.

–  Во јуни минатата година конечно ги започнавме преговорите за членство во ЕУ. И после, ова сонцето повторно изгреа, а ние зборуваме на истите јазици, што ги зборуваме, и пишуваме и чувствуваме како што сме, без да дозволиме никакво наметнување, но сега како земја која што преговара со ЕУ. Политиката на нашата Влада е храбра и прогресивна, политика на нула проблеми со соседите и целосно регионална и евро-американско партнерство, порача Груби.

Тие што се преставуваат како квази патриоти, според Груби, сакаат само власт и да ја држат земјата изолирани од западниот свет,  измислувајќи непостоечки страв за да ги исплашат граѓаните.

– Со овие политики на страв изгубивме десет години од нашите животи. Денес, тие што инсталираат непознати стравови, им велат на меѓународните претставници дека ќе го променат уставот откако ќе ја добијат власта и дека ги имаат методите, но им треба власта и би било добро да се знае ова и од нивните членови на партијата. Ним им е до власт, а не за патриотизам, изјави Груби.

Во време кога целиот регион се користи како полигон за влијанија, ние, посочи Груби, како прогресивно мнозинство ги предизвикуваме сите на патот за Европска алијанса.

–  Ова е единствениот пат за проекти, како што се автопатите, железници, депонии, болници, училишта, градинки, за подобар животен стандард, за владеење на правото, борба против корупцијата, но и за чистење на нашите општествени редови и јавноста од монтерите на стравот и директните и индиректни пречки на европскиот пат, изјави Груби.

 

Tags: АлбанциАртан ГрубиБошњациВласиЕУМакедонциромиСрбиТурци
Next Post

Шоле - Ескобар: Време е за формирање Заедница на општини со српско мнозинство

Shortcut

Најново

(TECH FRONT рапорт) Дванаесет дена што ја раздвижија вештачката интелигенција: Модели од новата генерација и глобални предизвици

September 12, 2026
30 години независност, 2021

35 наспроти 30 години независност: 25 пати повеќе пари, нула транспарентност

September 12, 2026
Никола Спасов

Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

September 12, 2026

Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби за сајбер напади и биолошко оружје

September 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk