Шефот на финската дипломатија Пека Хависто денеска изјави дека Финска планира да се приклучи на НАТО во исто време со Шведска.
– Нашата силна желба е заедно со Шведска да влеземе заедно во НАТО, посочи Хависто.
Тој додаде дека Самитот на НАТО во Вилнус во јули сè уште е „важна пресвртница“ и оти се надева дека двете земји дотогаш ќе бидат членки на Алијансата.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган претходно стави до знаење дека Анкара може да се согласи Финска да влезе во НАТО пред Шведска, а причината се зголемените тензии со Стокхолм.
Истиот став денеска го потврди и турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.