Британската Влада е се поблиску до префрлање на 2,3 милијарди фунти на Украина. Средствата доаѓаат од продажбата на фудбалскиот клуб Челзи од милијардерот Роман Абрамович минатата година.
За да бидат префрлени во земјата нападната од Русија, сепак, Лондон мора да добие одобрение од Европската унија, пренесува Телеграф.
Abramovich to transfer historic sum of 2.3 billion pounds from the sale of “Chelsea” to Ukraine — The Telegraph
P.S. Emm… I don’t believe it ?
— MAKS 22?? (@Maks_NAFO_FELLA) January 31, 2023
Според упатените, тоа би можело да се случи за неколку недели, а сумата би била најголемата во историјата донирана за жртвите на војната.
Милијардите се наоѓаат на сметката што е под санкции против Русија, но тие најверојатно наскоро ќе бидат во Киев. Лондон чека зелено светло од Брисел, бидејќи Абрамович потпаѓа под ограничувањата на Европската унија.
Самиот Абрамович уште на почетокот најави дека 2,3 милијарди за кои станува збор ќе одат за жртвите од војната што Русија ја започна против Украина. Сега, според британскиот печат, владата склучува договор со милијардерот, според кој ќе се создаде фонд за помош на Украина, на кој ќе бидат префрлени.
Фондот ќе биде предводен од поранешниот шеф на британската канцеларија на УНИЦЕФ, Мајк Пенроуз. Во следните неколку недели треба да се појават подетални информации за тоа како ќе се управува со фондот и кои проекти ќе се реализираат во негови рамки.