ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пенов: Средствата за рамномерен регионален развој се зголемија во 2022, иако беше кризна година

January 31, 2023 15:18
in PMD, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

„Иако беше енергетски и економски кризна година, во 2022 година се зголемија средствата за рамномерен регионален развој. Задоволни сме што секоја општина во државава реализираше барем по еден проект“ изјави министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов на годишната конференција „Година на нови можности“.

Тој кажа дека во 2022 година се реализираа 215 проекти, од кои најмногу беа инвестиции во комунална инфраструктура, но и во обновување на возниот парк на противпожарните служби.

„Возниот парк на противпожарните служби беше обновен особено во Северо-источниот, Источниот, Југо-источниот и Вардарскиот регион. Речиси секоја општина во овие региони доби по барем едно противпожарно возило“ рече Пенов.

Министерот кажа дека се подигнало и технолошкото ниво со набавка на комунална опрема во 19 општини и кажа дека со проектите, поддржани од ЕУ, УНДП и УСАИД ќе се продолжи и во 2023 година.

„Во 2023 година ќе избираме проекти со поголемо регионално значење. Ќе се реконструира Кардиолошката клиника во Охрид, Институтот за нефрологија во Струга, Институтот за белодробни заболувања во Отешево. Во Ѓорче Петров едно училиште ќе се реконструира во дом за деца со  тешки заболувања. Во Кавадарци ќе го решаваме проблемот со кучињата скитници со регионален центар. Во Радовиш, Конче и Босилово ќе поставуваме фотоволтаици на крововите на јавните институции, а во Берово ќе се доградува детско одморалиште во дом за стари лица“ рече Пенов.

Tags: Година на нови можностирегионален развојРисто Пенов
Next Post

Николовски: Го реформираме системот за субвенции, нема веќе долгови кон земјоделците

НАЈНОВО

Политички пресврт во Израел: Ганц повикува на нова влада за ослободување на заложниците

August 24, 2025

Почина албанскиот новинар и аналитичар Жеји

August 24, 2025
Фото: Укринформ

Дронови над Москва и Санкт Петербург, десетици летови откажани

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брнабиќ: Започна втората фаза на „обоената револуција“ – терор и насилство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk