ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Промовирана монографијата „Кодот на Преспа“, на Борјан Јовановски

January 31, 2023 11:04
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Соживотот, побратимството и заемното почитување помеѓу населението во Преспа е главната тема во најновата монографија „Кодот на Преспа“, приказна за „загубениот пат“ во која авторот Борјан Јовановски ги пренесува приказните на неколку семејства, побратимени со генерации.

Јовановски на промоцијат на монографијата којашто се одржа во Скопје, ги сподели искуствата со кои се соочил додека ја изработувал монографијата.

„Стапив во контакт со три семејства кои се од село Наколец, Љубојно и Дупени кои се побратимени во четири генерации, кога пресметав сфатив дека тоа е нешто што постои два века. Она што мене ме предизвика ова да го документирам е фактот дека ваквата информација за оваа традиција во односите, оваа информација за живеењето во Преспа на различни кутури, религии е нешто што е многу старо, а не постои никаде во системот како информација евидентирано. И за жал, препуштени сме на нешто што е политички наметнато, наративи кои се најчесто ако не и секогаш атрикулирани од потребите на овие или оние партии“, изјави Јовановски.

На промоцијата присуствуваше и жител на село Наколец кој одблизу ја долови сликата за животот на жителите во селото.

„Мојата фамилија е најстара фамилија, оваа приказна не е парадокс или некоја илузија ова е реалност. Мојот покоен татко беше наставник и постојнао не воспитуваше велејќи не го цени човекот дали е Албанец, Македонец или Ром цени го по тоа дали е човек или нечовек, тоа е најважно за твојот живот за да имаш пријатели и да основаш круг на пријатели кои се чесни луѓе“, раскажа Вергим Шерифи.

Додаде дека во Наколец кавги помеѓу Албанец и Македонец никогаш немало.

Монографијата е издадена во рамки на проектот „Соживотот не е мит – поуките од Долна Преспа“ кој го спроведува Хелсиншкиот комитет за човекови права и е дел од проектот „РЕКОМ мрежа на помирување“, финансиран од Европската Унија.

Проектот се занимава со помалку познатите колективни мемории и актуелни односи на различните етнички и верски заедници во Северна Македонија. Наспроти општо-прифатените опсервации за меѓуетничките односи во Северна Македонија како потецијални генератори на нестабилност, овој проект има за цел да ги приопшти позитивните примери и модели на соживот во Северна Македонија, како што е случајот во регионот на Долна Преспа кој би требало да послужат како пример и инспирација за денешните генерации за креирање на социјални механизми кои ќе овозможат култруниот и верски диверизтет да бидат прифатени како шанса за градење на динамична и културолошки богата општествена средина.

Монографијата ќе биде достапна на македонски и албански јазик.

Tags: Борјан ЈовановскиКодот на ПреспамонографијаПреспа
Next Post

(ВО ЖИВО) Обраќање на Ковачевски и Бектеши на панелот на конференцијата „Година на нови можности“

Shortcut

Најново

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk