ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Извонредна илустрација на Кардула во чест на борецот против национализмот Матвејевиќ

February 2, 2023 10:54
in PMD, ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во чест на одбележување на датумот од смртта на еден од најголемите мислители на денешнината Предраг Матвејевиќ, уметникот Зоран Кардула изработи извонредна илустрација.

„Во спомен на Предраг Матвејевиќ (7.10.1932 – 2.2.2017) генијалец на пишаниот збор, човек кој цел живот го посвети во борба против национализмот. Посебно драго ми е дека во негова чест имав две изложби во Рим организирани од Lipa.“, нашиша Кардула на својот фејсбук профил.

Предраг Матвејевиќ е роден во Мостар на 7 октомври 1932 година. Неговиот татко Вселовод Матвеевиќ е роден во Одеса, а по враќањето од воено заробеништво во Германија во 1945 година бил судија во Мостар. Мајка му Ангелина (родена Павиќ) била Хрватка од Босна и Херцеговина, а нејзиното семејство имало битно влијание врз раното воспитување на Матвејевиќ во католичка средина.

Во родниот град Матвејевиќ завршил основно и средно училиште, а студиите по романистика кои ги почнал во Сараево ги завршил во Загреб. Докторирал на компаративна книжевност и естетика во 1967 на Сорбона, а на истиот славен француски универзитет во 1994 година одбранил и хабилитација за редовен професор.

Предавал француска книжевност од 1959 до 1991 на Филозофскиот факултет во Загреб. Од Загреб во 1991 година се преселил најпрво во Франција каде до 1994 година предавал на Отсекот за општа и компаративна книжевност на Сорбона. Од 1994 бил редовен професор по славистика на познатиот римски универзитет Ла Сапиенца.

Бил професор-гостин на разни универзитети: Универзитетот во Њујорк, École des langues orientales (1991), Collège de France (1994), Université Catholique de Louvain (2000).

Универзитетот во Перпињан, по повод 600-годишнината од своето постоење, му доделил на Матвејевиќ докторат honoris causa. Почесни докторати исто така добил на универзитетите во Трст (2001), Џенова (2004) и родниот Мостар (2006).

Матвеевиќ е еден од најпреведуваните хрватски автори во светот и ангажиран интелектуалец.

Освен што имаше исклучителна академска кариера, Предраг Матвејевиќ беше и истакнат книжевник. Едно од неговите најпознати дела, „Медитерански бревијар“, е преведено на 23 јазици, а само во Италија е продадено во повеќе од 300 илјади примероци. Неговата книга „Друга Венеција“ е преведена на десетина јазици, а публицистичката книга „Југословенството денес“ ја објави Белградски БИГЗ во 1984 година како џебно издание во 30 илјади примероци.

Шеесетина угледни италијански уметници потпишаа иницијативата да му се додели на Матвејевиќ Нобеловата награда за книжевност токму за „Медитерански бревијар“. Меѓу зачетниците на идејата беа и Умберто Еко и Клаудио Магрис.

Матвејевиќ беше почесен доживотен потпретседател на Меѓународниот ПЕН клуб во Лондон, претседател на Научното собрание на Медитеранската лабораторија во Неапол.

Заедно со Милорад Пуповац и Жарко Пуховски, а со поддршка на генералот Коча Поповиќ, Матвејевиќ беше и меѓу основачите на Здружението за југословенска демократска иницијатива (UJDI), прва независна политичка асоцијација во тогашна Југославија, која имаше официјален слоган „Југославија или војна!“.

На парламентарните избори во Хрватска во 1992 беше кандидат за пратеник во Хрватското собрание на партиската листа на Социјал-демократската унија, а во 1999, како италијански државјанин, беше кандидат на италијанските комунисти на изборите за парламентот на ЕУ.

Носител е на бројни одликувања кои му ги доделиле претседателите на Републиката во Франција (Легија на честа), Хрватска, Словенија и Италија.

Објавил бројни книги, меѓу кои „Сартр“ (1962), „Разговори со Крлежа“ (1969), „Книжевноста и нејзината општествена функција“ (1977), „Тие ветерници“ (1977), „Југословенството денес“ (1982) „Медитерански бревијар“ (1987), „Источен епистолар“ (1995), „Господари на војната и мирот“ (2000), „Друга Венеција“ (2004), „Лебот наш“ (2009) и други.

Напишал и повеќе книги и есеи на француски и италијански јазик.

Во низата награди кои ги доби се и Годишната награда Владимир Назор, Малапарте, Бокачо, Силоне, Маринита, Награда Егзодус, Медитеран на мирот и други.

ИЗвор: НоваТВ

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Зоран КардулаилустрацијаПредраг Матвејевиќ

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

„SafeJournalists“: Ситуацијата е надвор од контрола – бараме итна заштита на медиумските работници во Србија

July 3, 2025
Фото: Укринформ

Осум загинати во нови руски напади врз Украина

July 3, 2025

Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk