Секој четврти Бугарин би заминал да живее во друга држава доколку ги има сите потребни документи за тоа, покажува студијата на Галуп интернешнал. Само осум отсто се двоумат додека 67 отсто би останале да живеат во најсиромашната држава од Еверопската унија.
Сепак, останатите се категорични – доколку имаа можност би ја напуштиле Бугарија, се наведува во рeзултати од анкетата.
Анкетата е спроведена во 57 држави.
Блиски до бугарските ставови се земји како Шпанија (27 отсто), Холандија (29 отсто), Шведска (23 отсто) и Австрија (23 отсто).
Во ЕУ секој трет би сакал да живее во друга земја, доколку тоа е можно, додека 59 отсто од Европејците претпочитаат да останат во државата во која се наоѓаат сега.
Објаснувањето за ставовите за Бугарија, коментираат од Галуп, делумно може да се должи на долгата децениска миграција во земји од Западна Европа и Северна Америка од 90-тите години на минатиот век.