Интернет порталот 24инфо.мк е ребрендиран со нов современ визуелен идентитет и, како што нагласуваат, со значително подобрени технички веб перформанси.
„Ваков чекор е преземен со цел да се обезбедат подобри кориснички искуства. Точните и веродостојни информации кои се основна карактеристика на медиумските содржини на 24инфо.мк, од денес за сите македонски граѓани и за сите кои го разбираат македонскиот јазик се достапни на унапредената дигитална веб платформа на медиумот. Во следните месеци заради досег на содржините до што е можно пошироки публики од нашето диверзитетно општество и до публики и од регионот и пошироко, содржините ќе станат достапни и на англиски, албански, турски и српски јазик“, информираат од 24.инфо.