Стаклото на влезот на македонскиот културен клуб во Благоевград „Никола Вапцаров“, синоќа околу 21 часот било искршено, јавуваат бугарските медиуми.
Полицијата не сакала да даде дополнителни информации за настанот. Пред клубот имало неколку полициски коли, а полицијата забранувала снимање, јави БНТ.
Клубот беше отворен на 30 октомври 2022 година.