ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Франција се подготвува за нови штрајкови против пензиските реформи

February 7, 2023 10:34
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Франција денеска се подготвува за нови штрајкови и масовни протести против длабоко непопуларната пензиска реформа, еден ден откако пратениците почнаа да расправаат за контроверзниот закон.

Претседателот Емануел Макрон ја направи реформата централен дел на неговата кампања за реизбор минатата година и е решен да ја спроведе и покрај жестокото противење од политичката левица и синдикатите, како и од пошироката јавност.

Протестите закажани за денеска се трети вакви собири низ државата организирани од почетокот на годинава.

Според полицијата, на минатонеделните протести низ целата земја учествувале 1,3 милиони луѓе, додека синдикатите тврдат дека учествувале повеќе од 2,5 милиони луѓе. Сепак, тоа беа најголемите вакви протести во Франција од 2010 година.

Возовите и париското метро се очекува денеска повторно да имаат „сериозно нарушување“ на движењата, соопштија операторите, при што се очекува да бидат откажани околу еден од пет летови на аеродромот Орли јужно од главниот град.

Дополнителни штрајкови се планирани за в сабота, иако синдикатите на железничкиот оператор SNCF рекоа дека нема да свикаат штрајк за викендот, слободен ден во некои региони.

Предлогот на Макрон ќе ја зголеми старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години – се уште пониска отколку во многу европски земји – и ќе го зголеми бројот на години на луѓето да плаќаат придонеси за целосна пензија.

Неговата владејачка партија се надева дека ќе го донесе законот со помош на сојузниците од политичката десница, без да мора да прибегнува кон контроверзните извршни овластувања за кои не е потребно гласање. Но, членовите на левата опозиција се цврсто против и имаат поднесено илјадници амандмани.

Членовите на владата на премиерката Елизабет Борн се обидоа вчера во Парламентот да ја одбранат реформата.

Како што се зголемуваше притисокот, Борн понуди клучна отстапка во неделата, велејќи дека на луѓето кои почнале да работат на 20 или 21 година ќе им биде дозволено да ги напуштат своите работни места една година порано.

Целта на Макрон е да го извади пензискиот систем од дефицит до 2030 година со наоѓање околу 18 милијарди евра годишни заштеди – главно со принудување на луѓето да работат подолго и ставање крај на некои посебни пензиски шеми.

Tags: Францијаштрајк
Next Post

Од 600 до 800 денари субвенции за сметките за струја на домаќинствата со ниски приходи, да се аплицира до крајот на февруари

Shortcut

Најново

Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

September 2, 2026
Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk