ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Манчевски добил 25 милиони денари повеќе од законскиот максимум за финансирање на „Мајки“?

February 8, 2023 11:32
in PMD, ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Според податоците кои се достапни во Агенцијата за филм, согласно Законот за филмски фонд, максимален износ кој можело да се додели на филмски проект бил 30.000.000 денари, информираат од Агенцијата за филм, по објавата на Цивил медиа „Банана продукција, Милкман Продакшн и Милчо Манчевски – гаранција за успех на филм или тезга за големи пари?. Сепак, Манчевски добива далеку поголема сума за филмот ‘Мајки’.

„За проектот според податоците во досието се доделени 55.800.000 денари кои се доделени на Конкурс и согласно извесно Известување бр.14-975/4 од 31.07.2009г. од Министерството за култура и Извадок од нацрт записник од осумдесет и осма седница на Влада на РМ бр.19-3890/1 од 28.07.2009г. кои се наведени во Договорот за склучување на проектот бр. 03-533/1 од 31.07.2009г“, велат од Агенцијата за филм.

Директорот на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски негира дека откако тој е директор било која институција му побарала документација за истрага за филмови врзани со режисерот Милчо Манчевски и други режисери. Ова следува откако претседателката на Антикорупциската комисија изјави дека се чека извештај од Државниот завод за ревизија во врска со исплати од Филмскиот фонд.

„Откако јас сум именуван како директор на Агенцијата за филм, до институцијата нема доставено било какво барање за податоци или спроведени постапки во однос на доделување на поддршката и трошењето на средствата поврзани со горенаведените проекти или во врска со наведениот автор“, вели Лазаревски.

Со оглед на документите кои ги поседува редакцијата на ЦИВИЛ Медиа спорно е што финансискиот извештај за „Мајки“ не е затворен, а тогашната Влада на Никола Груевски „изразила поддршка за филмскиот проект“ со дополнителни средства, пред воопшто и да се донесе официјална одлука за финансирање на филмскиот проект од страна на Филмскиот фонд.

Линк до целиот текст на „Цивил Медиа“.

 

Tags: Агенција за филмМилчо Манчевски
Next Post

Алтернатива сè уште нема конкретен предлог за нивните позиции во Владата

Shortcut

Најново

Пријави за стаорци во Буњаковец, од општина Центар велат дека направиле сѐ што треба

September 18, 2026

„Амазон веб сервисис“ планира дата-центар кај Кожани, Грција

September 18, 2026

САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

September 18, 2026

Анализа на ЦИВИЛ: Што навистина откри OpenAI и што предизвикува сензационализмот?

September 18, 2026
Пит Хегсет (фото извор: Инстаграм профил на Пит Хегсет)

Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

September 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk