Поддршка за европскиот пат и иднина на Северна Македонија денес упати Стефан Дион, специјален пратеник на премиерот на Канада, Џастин Трудо, за Европската Унија на средба со премиерот Димитар Ковачевски.
Дион истакна дека Република Северна Македонија ѝ е потребна на Европската Унија како пример за принципиелна демократска држава, којашто применува европски, прогресивни политики и вредности и дека токму поради тоа и заслужува да биде дел од Унијата.
На средбата исто така била пренесена и поддршката од канадскиот премиер Трудо за натамошниот напредок на Северна Македонија во европските интеграции.
Премиерот Ковачевски се заблагодари за традиционално добрите односи со Канада, засновани на пријателство и меѓусебно разбирање и за големата поддршка што ја има нашата држава, од Канада и конкретно од премиерот Трудо, во сите важни процеси за демократскиот напредок.