Политичките случувања во Северна Македонија и Косово биле тема на разговор на денешната средба меѓу првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и амбасадорот на Република Косово во земјава, Флоријан Ќехаја.
-Со посебен акцент на европскиот фронт во нашата земја, уставните измени кои се сметаат за неопходни за европскиот пат како и дијалогот помеѓу Косово – Србија, но и поврзувањето на нашите две земји со автопатот и One stop shop. Нормализирањето на односите и финализирањето на конечниот договор со заемно признавање меѓу Република Косово и Република Србија, беше исто така дел од разговорот меѓу Груби и Ќехаја, кој се смета за неопходност за забрзување на евроатлантскиот пат и поголема безбедност и просперитет на Западен Балкан, соопшти Кабинетот на Груби.
На средбата е разговарано и за инфраструктурните проекти, меѓу кои автопатот Скопје – Блаце, Коридорот 8 и 10Д.
-За нив веќе започнаа преговорите, како значајни проекти за поврзување на двете земји и целиот Западен Балкан, вклучувајќи и „One stop shop“ што треба да почне да се применува што е можно поскоро, со што се очекува отстранување на границите и олеснување на движењето на лица и стоки. Груби и Ќехаја разговараа и за организацијата на одбележувањето на 15-годишнината од независноста, како настан од големо значење за Република Косово, се наведува во соопштението.