ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ѓорѓи Трендафилов не е пример за дискриминирани Бугари во Македонија

February 9, 2023 15:58
in PMD, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА

Соња Крамарска / НоваТВ

Ѓорѓи Трендафилов, некогашниот популарен портпарол, собеседник на многу новинари, пријатна личност од македонската политика, изненадувачки застана на чело на колоната на „Бугари во Македонија“ кои бараат унапредување на нивните права. Зборот „унапредување“ асоцира на тоа дека оваа етничка заедница, ако може да се нарече така, имала помали права во државата од останатите граѓани кои живеат на овие простори. Вклучително и Трендафилов кој е сега најгласен во барањето поголеми права за Бугарите меѓу кои се декларира и тој.

Меѓутоа, никој од оние што се разбудија со својата бугарштина откако се влошија односите меѓу Македонија и Бугарија, и откако се случи ескалацијата со случајот Пендиков, не наведуваат прецизни аргументи и случаи (со) кои ќе ја докажат дискриминацијата, а за Трендафилов постојат и многу аргументи во обратен правец, а тоа е дека Македонија не само што не го дискриминираше или стигматизираше, туку и дека го фаворизираше.

Ѓорѓи заедно со сегашниот претседател Стево Пендаровски, Марјан Ѓуровски и Благоја Марковски, беа портпаролите кои секојдневно ја информираа јавноста за развојот на ситуацијата во вооружениот бунт на Албанците во Македонија во 2001 година. Ако тоа не е пример за доверба што ја имала државата во него, тогаш што е. Да дополниме и дека беше портпарол на владата, позиција за која во Македонија многумина можат само да сонуваат. Беше портпарол и на Министерството за одбрана, една од елитните институции во државата, која ја извршува најважната безбедносна функција, а со учество во меѓународни воени мисии и дипломатска функција, што го вбројува Ѓорѓи Трендафилов во малкуте луѓе во Македонија кои добиле огромна шанса да ја градат државата но и самите да се надградуваат.

Беше и директор на државната Дирекција за заштита и спасување што е уште еден пример за шансите што му ги даде Македонија да ја развива и унапредува својата кариера. Како стигматизиран граѓанин со бугарска самосвест, би додале цинично. Ако не е тоа доволно, еве уште примери. Без никакви приговори од државата Македонија на која сега Трендафилов и ја отежнува позицијата  на патот кон Европската Унија, тој беше и предводник на една партија, ВМРО-Народна партија, но и пратеник при што застапуваше граѓани кои му ја дадоа довербата да ги изразува нивните интереси во највисоката политичка институција која има и законодавната функција.

Сето тоа се примери за тоа колку високо летал Ѓорѓи во државата која наводно стигматизирала Бугари меѓу кои е и тој. И да не редиме повеќе, ќе завршиме со портпаролската функција во ВМРО-ДПМНЕ една од двете водечки партии во државата која учествуваше во обликувањето на Македонија во што несомнено по природата на функциите што ги заземал и високите позиции учествувал и Трендафилов.

Македонија му ги даде сите можни шанси и почести на Ѓорѓи. Шанси кои многумина не ги добија, а голем број од нив поради недобиените шанси си го згазија достоинството и побараа бугарски пасоши, за да можат да работат и заработуваат за живот во западните земји. Трендафилов немаше потреба од такви животни претумбации, бидејќи му беше убаво и без тоа.

Затоа, пријателе Ѓорѓи, моралното право да се прогласиш за Бугарин е секако твое, Македонија е демократска држава, но немаш морално право да им го отежнуваш патот на своите сограѓани кон ЕУ и на државата која со ниту една одлука, чекор или постапка те стигматизирала или дискриминирала. И секако да не го бришеш со сегашните јавни настапи сето тоа што си го зборувал низ годините како висок државен претставник на државата Македонија.

 

Tags: „Бугари во Македонија“Ѓорѓи Трендафилов
Next Post

Зеленски: Некои земји-членки на ЕУ се подготвени да ни обезбедат борбени авиони

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

August 24, 2025

Д-р Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

August 24, 2025

(ВИДЕО) Зеленски на Денот на независноста: Градиме силна и моќна Украина за мир и безбедност

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брнабиќ: Започна втората фаза на „обоената револуција“ – терор и насилство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тајните на Месечината: Зошто не сме ја посетиле со децении по Аполо мисиите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk