ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Што е пластичен дожд и зошто не треба да го потценуваме?

February 9, 2023 19:06
in PMD, ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Според најновите проценки на научниците од Нов Зеланд, речиси 5.000 честички микропластика секојдневно се таложат на еден квадратен метар на некој од покривите во Оукленд. Тоа е рекорд во споредба со другите светски метрополи, како Лондон, каде мерењата покажаа дека во просек паѓаат „само“ 771 честичка микропластика на површина со иста големина.

Сепак, научниците истакнуваат дека ова не значи нужно дека и воздухот во Лондон е помалку загаден со микропластика од оној во Оукленд.

Во моментов, во светот не постои стандардна методологија или протокол за идентификација на овие ситни честички, што значи дека секоја студија се спроведува различно. А ако инструментите за мерење секојдневно се усовршуваат, логично е и секојпат да регистрираат сè повеќе штетни материи кои се кријат во воздухот. Претходните студии веќе потврдија дека честички микропластика се наоѓаат на високите планини, во нашата крв и органите – но со непознати последици кои можат да ги остават по нашето здравје.

„Идните истражувања би требало да одредат колку точно пластика вдишуваме“, вели хемичарот Џоел Ринделауб од Универзитетот во Оукленд. Резултатите до кои дојдоа тој и неговите колеги од Нов Зеланд се засновани на студија која е спроведена во временски интервал од девет недели и тоа на две различни локации во Оукленд, така што честичките се „фаќале“ со помош на инка и тегла.

Анализите открија дека најзастапен бил полиетиленот или ПЕ, кој се користи за ќеси и шишиња, потоа поликарбонатот или ПЦ, кој се користи за заштитна опрема и медицински уреди, и полиетилен терефталат или ПЕТ, кој се користи за пакување храна и пијалаци. Но како пластиката стигнала дотаму?

Во моменти кога силните ветрови дуваат од брегот, микропластиката од брановите се крева и лебди во воздухот – тоа најверојатно е и причината зошто се чини дека процентот на пластика во воздухот е многу понизок во Германија и Англија. Сепак, неспорен факт е дека ова во иднина ќе влијае на секој жител од нашата планета, зашто ќе доведе до влошување на ефектот на стаклена градина така што честичките ќе апсорбираат и емитуваат светлина и топлина.

Превод: Алек Кузмановски / Окно.мк

Извор: National Geographic

Tags: микропластикапластичен дожд
Next Post

(ВИДЕО) Македонскиот армиски тим помогна за извлекување на 5 годишно дете од урнатините во Кахраманмараш

Shortcut

Најново

Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk