ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Започна седницата за реконструкција на Владата – 64 пратеници гласаа „за” дневниот ред

February 13, 2023 16:10
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието попладнево ја започна седницата за реконструкција на Владата. На дневен ред на 104. седница се Предлогот за разрешување на членови на Владата, Предлогот за избор на членови на Владата, Предлогот за разрешување на заменици на министри и Предлогот за именување на заменици на министри. 

Дневниот ред на седницата е усвоен со 64 гласа „за“, од 115 присутни пратеници. Против и воздржани немаше.

Премиерот Димитар Ковачевски ја користи деловничката можност да се обрати пред пратениците, потенцирајќи ја потребата за стабилност и за врвните интереси на државата. Ковачевски на почетокот на седницата изрази сочувство за загубите на човечките животи во земјотресите во Турција и Сирија.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски во процедурална забелешка рече дека врз основа на член 221 од Деловникот, на дневниот ред разрешувањето на министрите требале да бидат поединечно, најавувајќи дека пратениците од опозицијата активно ќе дискутираат на седницата. 

Со реконструкцијата во Владата на премиерот Димитар Ковачевски влегува Алијансата за Албанците, а неа ја напушта Алтернатива. 

Претпладнево на седница на Собранието беа констатирани оставките на сега веќе поранешните министрите за правда Никола Тупанчевски и за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, а во рамки на 104. седница останува да бидат разрешени тројцата министри од Алтернатива – за здравство Беким Сали, за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и Џемаил Чупи, министер без ресор задолжен за дијаспора, кои најавија дека нема да присуствуваат на заседанието. 

Нови министри ќе бидат Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу  за информатичко општество и администрација, сите тројца од редовите на АА, како и на Каја Шукова од СДСМ за животна средина и просторно планирање. 

Tags: Влада на Република Северна МакедонијаСобрание
Next Post

Најмалку 4.815 малолетници биле жртви на педофилија во Португалската католичка црква

НАЈНОВО

Фото: ЕПА/МИА

Калас: Русија се обидува да ги блокира спроведувањето на санкциите од САД со план за Украина

November 21, 2025

Зеленски: „Украина е пред најтешкиот избор – достоинство или губење на клучен партнер“

November 21, 2025

УНИЦЕФ: Од почетокот на прекинот на огнот во Газа убиени се 67 деца

November 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Дуа Липа снимена во бикини покрај базен во Рио де Жанеиро

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Персоналот на Меган Маркл мора да ја најавува со целата титула кога влегува во просторија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Која е Фатима Бош, новата Мис Универзум што ја разниша сцената?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обилни дождови ја погодија Грција: Поплави и големи штети на Крф и во Јанина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што треба да се случи за пожарникарите го добијат тоа што одамна им следува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk