ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

50 години кариера и настапи со Тома, Тозовац, Ханка, Леб и сол – Не заслужи ли Ласкова почит од македонската публика?

February 14, 2023 21:02
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Цветанка Ласкова, една од доајените на македонската народна и забавна македонска музика, вечерва преку фејсбук се обрати на јавноста со информација во врска со шпекулациите и клеветите изнесени во врска со проектот поддржан од Министерството за култура со кој беше предвиден концерт како заокружување на нејзината 50-годишна кариера.

„Јас не конкурирав за одбележување 50 години од мојата музичка кариера, тоа беше идеја на студиото Сити Саунс, кое ми се обрати со предлог за концерт, преку моето творештво како интерпретатор, да се опфати 5-деценискиот развој на македонската фолк и поп музика.”, пишува Ласкова.

Ласкова во својата објава побара организаторот кој конкурирал со идејата за нејзин јубулеен концерт да ги одбие одобрениет средства, потенцирајќи дека тоа го бара зареади сопствениот мир.

Вo 1973 година, од продуцентите на Македонска Радио Телевизија е откриен нејзиниот талент за музика и таа одбира да ја развива нејзината музичка кариера.

Снима голем број на композиции, како трајни снимки за Македонска Радио Телевизија, учествува на фестивали и ја претставува Македонија и СФРЈ на турнеи по целиот свет.

Во 1980 година се преселува во Белград каде што стапува во брак со музичарот Миша Керкез Кан и ја продолжува својата музичка кариера.

Во 1983 година заедно ја основаат групата КАН ШОУ составена од врвни професионалци  и нивната соработка трае до распадот на Југославија.

Во овој период таа е ексклузивец на дискографската куќа „Југодиск”.

Има објавено 7 музички изданија, со забавна и народна македонска музика.

– Момчето со мандолина 1976год .

– Ти би хтео све на блиц 1979год.

– Нисам више мала 1983год.

– Ти и ја 1984 год.

– Македонски бисери 1984год.

– Проштевај на се 1985год.

– За љубов да наздравиме 1989год

Има издадено 3 видео касети.

– Цветанка Ласкова

– Кан Шоу

– Коштана

Во текот на нејзината долгогодишна и успешна музичка кариера настапува со Има настапувано со Тома Здравковиќ, со Ханка Палдум, Тозовац, Леб и Сол, Арсен Дедиќ, Јанко Узунов, Виолета Томовска и многу други. Патува низ цел свет и ја претставува Македонија и Југославија. Добитник е на многу музички награди, меѓу кои е и наградата за животно дело.

По распадот на поранешната Југословенска Федерација се враќа во Скопје и во 1992 година ја формира својата продукциска компанија „КАН”.

Работејќи во сферата на ТВ продукција и авторските права, маркетингот и економската пропаганда, два пати го добива признанието „Најуспешна жена менаџер на годината” за 1999 и 2001 година.

Во 2001год. ја формира издавачката куќа „Прајм Инфо”, издавајќи ги познатите изданија „Семеен Магазин” „Здравствен Код”, „Скопје 365” и др.

Настапува на повеќе фестивали и шоу програми на ТВ а со ансамблот при театарот во Кавадарци ја игра главната улога Коштана на истоимената пиеса од Бора Станковиќ.

Цветанка Ласкова е борец за родова еднаквост и во 2014 ја основа Школата за Женски Активизам, каде што се школуваат жени борки, со генерации.

Во август 2017 година од страна на Владата на Република Северна Македонија е именувана за Посебен советник за култура на Премиерот.

За нејзината хуманитарна работа има добиено безброј признанија како во поранешна Југославија така и во Република Северна Македонија. Горда е на хуманитарната награда „Мајка Тереза” добиена во 2008 година.

Д. Е.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Цветанка Ласкова

НАЈНОВО

Орашко Кале – милениумско богатство кое тивко исчезнува

May 12, 2025

Крушево домаќин на првото државно првенство во планински велосипедизам

May 12, 2025

Алијанса на Албанците на Таравари официјално излегува од Владата

May 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Мисија на Марс в година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk