На 14.02.2023 во 13.54 часот на приватни електронски адреси на 14 професори е упатена закана за поставена експлозивна направа во едно скопско средно училиштe.
Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектот, во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.