Шпанската полиција откри тајна лабораторија во центарот на Барселона каде што „криминална организација“ произведувала шарени гумени бомбони со марихуана, а потоа ги испраќала во Хрватска, Италија, Франција, Португалија, Германија и Холандија.
Пронајдени се 70 пакети, 5.000 бонбони со марихуана, 12 килограми марихуана и 6 килограми хашиш, соопшти шпанската Цивилна гарда.
Hemos desmantelado un laboratorio clandestino que fabricaba #GolosinasDeMarihuana en el centro de #Barcelona.
Recibía pedidos a través de la #DeepWeb y los enviaba por toda #Europa.https://t.co/OfU30i03vO pic.twitter.com/pg3VEO9YNv
— Guardia Civil ?? (@guardiacivil) February 11, 2023
Пронашла и материјал за изработка, пакување и дистрибуција на дрогата. Во акцијата се уапсени три лица, државјани на Велика Британија, Холандија и Русија, осомничени за трговија со дрога. Моментално се наоѓаат во притвор.
Полицијата покрена истрага откако пресретна серија пакети испратени по пошта, во кои се наоѓале бонбони со марихуана кои биле испратени во Германија, Франција, Италија, Холандија, Португалија и Хрватска.
Веднаш била опколена зградата во центарот на Барселона каде престојувале осомничените и откриле дека во еден од становите има лабораторија.
Во станот криминалната организација произведувала бонбони во форма на шарени мечиња од марихуана и други хемиски состојки многу опасни по здравјето, соопшти полицијата, додавајќи дека овие бонбони содржеле поголема количина ТХЦ и други хемикалии употребени при изработката на бонбоните.
Криминалната организација, лоцирана во Барселона, добивала нарачки преку апликации со шифрирани пораки или преку Deep Web. Потоа марихуаната скриена во внатрешноста на бонбоните ја испраќала по пошта во повеќе земји низ Европа, додава полицијата.