Светската здравствена организација (СЗО) денеска свика итен состанок поради избувнувањето на вирусот Марбург, една од најсмртоносните инфекции во Африка. СЗО собра експерти од целиот свет за да разговараат за тоа како да се забрза развојот на вакцини и лекови против вирусот.
Станува збор за моментално неизлечива болест која има стапка на смртност и до 88 проценти. Се смета за поопасна од еболата, од што починаа девет луѓе во Екваторијална Гвинеја во првата епидемија во таа централноафриканска држава.
Меѓународните агенции за помош побрзаа да распоредат тимови на теренот во провинцијата Киентем во земјата за да ја спречат појавата. Соседните Камерун и Габон, исто така, го ограничија движењето преку нивните граници поради загриженост за инфекцијата.