Светиот синод на Црквата на Чешката Репубика и Словачка одлучи да ја признае автокефалноста на „Православната црква на Северна Македонија“, објави порталот Ортодокстајмс.
Во објавата на Синодот стои дека „биле информирани за писмата на вселенскиот патријарх Вартоломеј за обновувањето на евхаристичката заедница со епархиите на Северна Македонија, како и за писмата на српскиот патријарх Порфириј за реинтеграција на Црквата во Северна Македонија во канонската структура на Православната црква на Србија и за давање автокефалност на Православната црква во Северна Македонија со Томосот на 20 мај 2022 година“.