Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ во време на глобална економска и енергетска криза даваат резултати. Економијата расте и тоа во услови на економска криза и во период на пост ковид криза. Осум квартали по ред се бележи раст на БДП, велат утрово од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).
Истовремено, велат, инфлацијата се намалува.
-Три месеци по ред стапката на инфлација опаѓа. Трендот на намалување продолжува и понатаму и во текот на годината стапката на инфлација ќе биде едноцифрена, истакнуваат од Бихаќка.
Растат платите и пензиите. Според усвоената методологија, минималната плата во март ќе се зголеми на над 20.000 денари, а пензиите за една година бележат раст од 16 проценти.