Лидерот на Алтернатива Африм Гаши вели дека е песимист дека процесот на уставни измени ќе се спроведе годинава.
Тој во гостувањето синоќа на Алсат телевизија изјави дека ќе ги поддржат уставните измени доколку се прифати нивниот амандман за борба против корупцијата со кој се предвидува да нема застарување на овие кривични дела.
Според него, прашањето зошто Алтернатива веќе не е дел од Владата треба да му се постави на премиерот и на останатите коалициски партии.
-Ние истакнавме дека за нас е особено важно да бидеме верни на договорот. Ние влеговме во Владата на крајот на 2021 година со објавен договор и останавме верни на тој договор и целиот наш политички пат во Владата во текот на 2022 година беше ориентиран во функција на реализација на тие точки од договорот и на крајот премиерот одлучи да смени правец и да ја смени Алтернатива со друг партнер, рече Гаши.