Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ, од партиското седиште на Бихаќка денеска прогласи „голема победа на правдата, на правната држава и аргументите на Владата“.
-Европскиот суд за човекови права во Стразбур денеска потврди дека апликациите на седум поранешни функционери на ВМРО-ДМПНЕ се недозволени. Ја поздравуваме оваа одлука важна за правдата и независниот правосуден систем“, вели Кузеска.
Според неа, незаконската аболиција на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов пропаднала.
– Оваа одлука на Судот во Стразбур е важна затоа што не констатира прекршување на човековите права во кривичниот прогон на членовите од некогашниот врв на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ изгуби во Стразбур. Нивниот обид за ништење на правната држава, уште еднаш, се покажа неуспешен, посочи, меѓу другото, портпаролката на партијата на власт.