РИБАРО
Денешната одлука на судот во Стразбур им ги измеша лончињата на вмровците верни на Грујо и компанија кои беа спремни да најдат бел коњ со гепек за Груевски да се врател во Македонија откако побегна од правдата и ги остави неговите копуци на цедило.
Мицкоски пред белата палата кратко изјави:
„По денешната одлука на судот во Стразбур, откажана е потрагата по бел коњ со гепек за Груевски.“
Како што објави пред нова година екипата на АХА, во потрагата биле ангажирани сите расположливи партиски сили.
И од коњичкото здружение „Букефалци“, тогаш истакнале дека ќе организираат парада со бели коњи пред белата палата како би помогнале во одбирањето на репрезентативниот примерок.
Но, за голема жал на вмроовците, сето тоа им паѓа во вода и ќе мора да почекаат некои понездрави времиња за да се кекерават на враќањето на нивниот Пастир.
Не се давајте вмроовци, си имате вие коњи во вашите редови, на белиот ќе почекаме, им порачуваат нивните симпатизери.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK