Бугарскиот историчар д-р Воин Божинов за „bgonair“ изјави дека Соединетите американски држави не само што се обидуваат да бидат арбитер во односите меѓу Бугарија и Северна Македонија, туку директно се мешаат во балканските работи на штета на Бугарија.
„Исклучително е важно да се зајакнат западните позиции овде на Балканот, бидејќи влијанието на Русија е големо. Сериозното руско влијание може да им наштети на американските интереси овде, да се отвори некаков фронт“, нагласи д-р Божинов.
Во однос на тоа што ќе се смени по средбата на македонските Бугари со властите во Скопје, тој смета дека не треба да бидеме многу оптимисти.
-Тешко дека нешто ќе се смени во животите на нашите сонародници од нашиот југозападен сосед. Сето тоа се маневри на скопската влада за да не ги реализира тие обврски кои ги има преземено и кои се многу лесни за спроведување, бидејќи не бара којзнае какви отстапки од властите во Скопје“, изјави тој.
Според него, секој напад врз граѓанин на РСМ, кој јасно ја изразува својата бугарска самосвест, на овој или оној начин е координиран со локални и централни фактори во владеењето на земјава.
„Се ќе се заборави, ќе се стави под тепих, ќе се дадат некои проформа објаснувања и на крајот ќе излезе дека господинот Пендиков се претепал сам“, објасни д-р Божинов за Бугарија ON AIR.
Посочи дека во Македонија има многу луѓе кои се заинтересирани земјава да остане на едно место, приврзана кон северниот сосед. „Но со текот на времето влијанието на Република Србија во РСМ се намалува од чисто генерациски причини“, истакна д-р Божинов.
Според него, ветото е алатка која не ја искористиле до крај, бидејќи дошла владата на Кирил Петков.
Д-р Божинов го коментираше и законот РСМ за промена на имињата на бугарските клубови во Охрид: „Ова ќе биде многу добар тест за односот на нашите европски партнери по прашањето за правата на Бугарите во Македонија“.