ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Детска клиника со реакција: Платите и дежурствата се исплаќаат по добиена согласност од Фондот

February 17, 2023 10:57
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Клиника за детски болести, Скопје. Фото: М. Ацковска / Фронтлајн

Клиника за детски болести, Скопје. Фото: М. Ацковска / Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Во врска со реакцијата на специјализанти и млади лекари поврзана со исплатата на плати и дежураства ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје ја информира јавноста дека по добиената согласност од ФЗОМ од 26.01.2023 година, направени се пресметки за исплата на плати за месец 12/22 и 01/23 и по исите ќе биде постапено во целост, соопштија од Детската клиника.

По однос на исплата на надоместоци за дежурства за месец 08/22 и 09/22 извршена е исплата, а за месеците 10/22, 11/22, 12/22 и 01/23 ќе биде извршена исплата по добиена согласност од ФЗОМ.

ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје ги поддржува приватните специјализанти во обавување на својата специјализација, но исплатата на плати и надоместоци од плати може да се врши исклучиво согласно Законот за здравствена заштита, а по добиена согласност од ФЗОМ, се додава во реакцијата.

Приватните специјализанти на Клиниката за детски болести пред два дена се обиделе преку бојкот на работата да изразат револт поради неисплатена плата од декември навака и неисплатени дежурства од август 2022 година навака. Се пожалија дека управата на Клиниката ги спречила во обидот револтот да го изразат преку бојкот на работата.

„Од Клиниката ни посочија дека ’кога тие биле специјализанти работеле за без пари, дека ќе ја завршеле работата и без нас, дека е неприфатливо нашето однесување’ и воедно ни се закануваат дека доколку не се појавиме на работа утре (16.02.2023 година) ќе бидат прекинати нашите специјализации и дека ќе биде објавен нов конкурс за специјализанти. Ние сме во постојан конфликт и недоразбирање со вработените во административната служба при УК за Детски болести секогаш кога треба да се исплатат финански средства за нас специјализантите, по кој било основ, чија што игнорантност кон нас е еднаква на терор“, се пожалија приватните специјализанти.

Денес претставници на приватните специјализанти имале средба со професорката одговорна за нив која им го пренела ставот на Клиниката и катедрата за педијатрија, а за утре побарале средба со шефот на катедрата и со директорката на Клиниката.

Приватните специјализанти добија поддршка од Здружението на лекари специјализанти и од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари.

„Бараме веднаш да се престане со заканите и несоодветните коментари кои ги добиле колегите на сметка на тоа што најоправдано си ги бараат своите права. Застануваме во целост зад нашите колеги и ги подржуваме во сите нивни барања, а воедно ги прашуваме цените професори, доктори и одговорни лица дали е ова начинот за да ги поттикнеме помладите колегите да се запишат на една од најдефицитарните специјалности во Македонија и да останат да ја градат иднината тука?“, стои во реакцијата на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари.

Приватните специјализанти за денешниот проблем испратиле допис до Здружението на лекари специјализанти, а дописот вечерва на социјалните мрежи го објави и Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари.

Tags: Детска клиникаплатиспецијализанти
Next Post

Најмалку 43.844 луѓе загинаа во земјотресите во Турција и Сирија

EVN

НАЈНОВО

Автопат Кичево-Охрид. Фото: Скриншот.

(ВИДЕО) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид-Кичево се веќе во функција

January 6, 2026
Илустрација Фронтлајн, Генерирано со ВИ

Грок на Илон Маск под истрага за генерирање сексуално експлицитни дипфејкови од жени и малолетници

January 6, 2026
Фото: РФМ

Кирил Лазаров останува селектор на Македонија до 2029 година

January 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација. Фото Фронтлајн, генерирано со ВИ

    Кои се најпродавани автомобили во Македонија во 2025 – што возиме најмногу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку точно заработија ѕвездите на „Stranger Things“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Грок на Илон Маск под истрага за генерирање сексуално експлицитни дипфејкови од жени и малолетници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Хајди Клум ја испрати 2025 и ја дочека 2026 во топлес, на зајдисонце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија изгуби 90.000 војници за три месеци. Подготвуваме реорганизација на одбраната, вели Зеленски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk