ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ДИЖС изрекла санкции од 300 000 евра во втората половина од 2022

February 17, 2023 14:03
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Со реализирани 1 043 инспекциски надзори, 173 повеќе од предвидените, од кои 677 редовни, 164 вонредни и 202 контролни надзори, изготвени 21 решение и 29 прекршочни санкции, Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) во вторите шест месеци од 2022 година од прекршочни санкции изречени над правни и физички лица во државниот Буџет има обезбедено прилив од над 300 000 евра.

Како што информираше на денешната прес-конференција за презентација на шестмесечниот извештај директорот на Инспекторатот, Сретен Стојковски, од кога е тој прв човек на ДИЖС од пред 18 месеци, изречени се или иницирани прекршочни санкции над правни и физички лица за износ од околу еден милион евра.

– Во тек се постапки за спогодување за ненаплатен надоместок за користење на води и одведување на отпадни води со јавните водостопански претпријатија за периодот од 2011 до денес во износ од 40.000.000 денари пред Комисијата за спогодување при МЖСПП и Судот за ЈП Куманово и ЈП Прилеп, како и постапки за спогодување со Цементарница Скопје, Пејпер Мил – Кочани и инспекциски надзор во Б-инсталација САНС- АГ Штип во местото Пенуш на КП1081 со култура Пасиште, информираше Стојковски.

Како дел од активностите реализирани во текот на второто полугодие од 2022 година, тој ги издвои учеството на ДИЖС на годишниот состанок во седиштето на ЕВРОПОЛ во Хаг, за утврдување на Годишниот план за оперативни активности за 2023 од областа Криминал во животната средина, учество на тематска работилница за криминал во животната средина и културно наследство во Тренинг Центарот на Полицијата во Идризово, во организација на МВР и италијанските Карабињери, оперативните активности со МВР и државни инспекторати во делот управување со отпад со над 100 вонредни инспекциски надзори и две работилници за презентација на новиот Закон за инспекциски надзор во животната средина и обврските кои произлегуваат од истиот со Југозападниот и Пелагониски регион и Вардарскиот и Југоисточниот регион со присуство на претставници на ДИЖС и МЖСПП, а во соработка со ЗЕЛС.

Tags: ДИЖСказни
Next Post

Новиот европски проект е можност за културна соработка за уметниците и креативците од Западен Балкан

Shortcut

Најново

Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk