Во Република Косово денеска се слави 15 годишнината од формирањето на независноста, познатиот споменик „Newborn“ во Приштина годинава со нова порака – против распарчување на Републиката, кандидатот за претседател на Србија, Никола Сандуловиќ денеска е на почести во Преказ, родното место на косовскиот херој Адем Јашари. Ова се дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од изборот од албанските медиуми во регионот.
КОСОВА ПРЕС: Република Косово слави 15 години независност
„Декларацијата за независност на Косово беше донесена на 17 февруари 2008 година во 15:39 часот во Собранието на Република Косово во Приштина. На вонредна седница на која присуствуваа 109 од вкупно 120 пратеници, Собранието на Косово едногласно го прогласи Косово за независна, суверена и демократска држава.“, пренесе косовскиот дневник Косова Прес.
КОХА ДИТОРЕ: “NEWBORN” со протест против распарчувањето на Републиката
„Светот има многу споменици кои ја означуваат независноста на една држава. Но, оние што се трансформираат на секоја годишнина, носејќи посебна порака, можат да се најдат само на Косово. Овогодинешното трансформирање на “NEWBORN” има за цел да го заштити она за што е создаден: Републиката. Претворен е во NO NEW BR. А, кога со буквите БР пишува „СКРШЕНА РЕПУБЛИКА“, се пополнува пораката: НЕМА НОВА СКРШЕНА РЕПУБЛИКА.“, пренесе косовскиот дневник Коха Диторе.
РЕПОРТЕРИ: Кандидатот за претседател на Србија во Преказ на почести
„Кандидатот за претседател на Србија, Никола Сандуловиќ, кој е во официјална посета на Косово, денеска замина во Преказ да му оддаде почит во Меморијалниот комплекс „Адем Јашари“.
Сандуловиќ се изјасни дека е политичар кој ја поддржува независноста на Косово и кој дошол да понуди историско решение, како пример за другите решенија во Европа.“, пренесува косовскиот дневник Репортери.
ВИЗИОН ПЛУС: Повторно пропадна кругот за избор на претседател на Уставниот суд
„По втор пат пропадна кругот за избор на претседател на албанскиот Уставен суд. Секој од кандидатите доби по 3 гласа.
Седницата на судиите на Уставниот суд одлучи третиот круг на гласање да се одржи на 20 февруари 2023 година во 10:00 часот.“, пренесе албанскиот медиум Визион Плус.
ТОП ЧАНЕЛ: „Музеј Беса“ за историјата, традицијата, културата и уметноста на Евреите
„Музејот „Беса“ ќе биде еден од современите градби кои во иднина ќе бидат додадени на архитектурата на главниот град, што го отвора патот за создавање на дестинација на славната историја на спасението на Евреите за време на Втората светска војна. како и историјата, еврејската традиција, културата и уметноста.“, пренесе албанскиот медиум Топ Чанел.
ГАЗЕТА БЛИЦ: Католиците на Косово за долго скриената вера: дење бевме муслимани, ноќе христијани
„Во црква сместена на една живописна долина во централно Косово, Исмет Сопи раскажува како неговото семејство ја криело својата католичка вера со векови по прифаќањето на исламот, за време на отоманската окупација на Балканот.
Неговите предци со генерации ги чувале своите верувања во тајност, до денот кога кога Сопи и неговото семејство отворено го прифатиле католицизмот и заедно се покрстиле.“, извадок од расказот објавен во косовскиот медиум Газета Блиц.
Д. Тахири