ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

ЛК: Измените во Кривичниот законик ќе создадат побезбена околина за лекарите и пациентите

February 17, 2023 12:06
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Лекарската комора како професионално здружение на сите доктори по медицина во нашата земја го поздравува носењето на измените на Кривичниот законик со кои вербалното и физичкото насилство над лекарите и другите здравствени работници се смета за кривично дело “спречување службено лице во вршење службено дејствие” и соодветно ќе се казнува. Со новите измени во Кривичниот законик е одредено дека делата како употреба на сила, сериозни закани, навреда, малтретирање, задавање телесни повреди или закана со употреба на оружје кон лекар или друг здравствен работник при вршење на нивните професионални задачи се кривични дела за кои е предвидена казна затвор од шест месеци до пет години.

Лекарската комора подолг период во соработка со надлежните институции работеше на подготовка на новите законски решенија, при што беа донесени измените на Законот за здравствена заштита, а сега со носење на измени на Кривичниот законик се заокружува процесот, кој треба да создаде побезбедна околина за вршење на здравствената дејност, што ќе биде корисно како за здравствените работници, така и за пациентите.

Носењето на овие законски измени е особено значајно бидејќи доаѓа во време кога се регистрираат зачестените физички и вербални напади врз здравствените работници и потребно е да се превенираат нови и посериозни инциденти. Лекарите и другите здравствени работници имаат право да ги извршуваат своите работни обврски без да бидат под притисок на закани по нивниот живот и безбедност и не смее да се дозволи тие да бидат мета на незадоволството на пациентите. Лекарите и пациентите само преку заедничко делување и соработка можат да постигнат изнаоѓање на решение за предизвиците во пружањето на здравствената заштита, кои најчесто се должат на системски проблеми за чие решавање е потребен општ консензус.

Лекарската комора останува отворена за своите членови да ги пријавуваат инцидентите со кои се соочуваат и да пружа помош и поддршка, како и будно да го следи постапувањето на надлежните институции, се вели во соопштението.

Tags: здравствоЛекарска комора
Next Post

(ИЗБОР) Албански медиуми: Република Косово слави 15 години независност, споменикот “Newborn” во Приштина со нова порака, кандидатот за претседател на Србија на почести во Преказ

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk