ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Рак на достоинството

February 17, 2023 18:32
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Новинарството боледува од рак на достоинството, потребна е итна операција и комплетен ресет на животот во оваа област, скапи зафати со неизвесен исход, ако можете, помогнете, парите уплаќајте ги на сметката на Бранко Тричковски во Сантандер банка, тој е експерт за болести на достоинството, а има и матични клетки, да се надеваме дека ќе ја вратиме радоста во професијата која заедно со рокерската, филмографската, писателската и сликарската, носеше најубаво исполнување на животот.

Новинарството никогаш не било сосема здраво, но болестите си ги носеше со достоинство. Сега му е нападнато достоинството. Изедено му е како џигер од орлите на политиката и неморалот. Алкохолот, цигарите и стресот порано беа основни причини за болестите, па и за смртовите на новинарите, додека денеска болеста на целиот организам е предизвикана од моралниот крах на општеството, од страшните дефекти во моралната, ментална и професионална навигација, од приземното ниво на знаењата за сè, за вистината во својата средина и за состојбите во светот, посебно, од некултурата и просташтвото, од отсуството на шарм, од бесмислената агресивност…

Од здруженија, факултети, комисии, совети и синдикати кои го држат на ниски гранки за да можат да се лулаат на нив и одвреме-навреме, да кинат по некој плод.

Кисел, никаков, ама понеже е за џабе, го лапаат како да е моцарт кугел.

Новинарите се изместени од својата животна средина и се напикани во партиско-политички кафези во кои се репродуцираат како бакалари.

Благодарам на вниманието и на помошта на која се надевам.

Марш у пизду материну

Не знам по кој повод ова мала група лепотани ја одбрале темата за достоинството како лепак за медиумските муви во претставата за општествениот статус на новинарите, но, сеедно, почна да ме обзема некое чудно сочувство и тага за луѓето кои како да се киднапирани и однесени во некој паралелен свет, како да се напикани во некој кинески балон од кој ја гледаат и снимаат Македонија и маваат жестоки громови врз Татковината.

Се разбира, Македонија не е Америка, ние имаме фантоми само во новинарството.

Во воената авијација немаме ниту чавки.

„Навредата кон новинарите е потценување на граѓаните.“

Туф, туф, туф!!!

Дури и на едно општо основание во идеална ситуација ова би било малку препретенциозничко, додека на нивото на стварноста е тешко безобразие зашто новинари, всушност, нема – имаме мали зомбирани створови на навивање кои знаат да држат микрофони и да прашуваат дали имаме гледач на линијата.

Вистинската тема, според тоа, е навредувањето и излудувањето, хистеризирањето и фрлањето во очај на граѓаните од страна на таканаречените новинари.

Во функција на една злосторничка инсталација која се вика вмро-дпмне.

Сета протестирачка маса што ја гледаме на сликата, како и она што не е тука затоа што ги подготвува вечерашниве прилози за активноста на чипираниот идиот номер едно, е голем млаз мочка врз акварелот на македонското општество, врз заедницата, врз смислата за заедничкиот живот. Мочка која тече 24/7. Кога тоа ќе го осознаете, јавете се да видиме што да правиме со оние што ве навредуваат. Главен услов за тоа е да сфатите дека во оваа издание вие сте навреда. На здравиот разум и за здравиот разум. Вие сте болест. Тоа е.

Марш на издресираните песови

Можеби за денешниот марш на новинарите треба да го донесеме Марко Гецке, суспендираниот балетски кореограф и управник на Државната опера во Хановер, кој во идиотската пресметка со новинарката на ФАЦ ги употребил говната на својот пес и ја зашлакал по лицето, не за да ја намачка онаа крава од Телевизија Алфа која мисли дека е новинарка, или нејзините колеги од соседниот шталски бокс, туку како некаков знак на крајностите кон кои може да води занимавањето со новинарство на издресирани песови кои не си ги собираат говната што ги исфрлаат во јавниот простор на Македонија, туку ги оставаат да се испаруваат и да ја усмрдуваат целата држава.

Принципи и околности

Однесувај се кон светот така како што заслужува, нема принципи, има само околности.

Ова е, всушност, чист дарвинизам.

Не прашувам дали е ова прифатлива филозофија, тоа е раширена пракса, туку што ќе се добие од човекот ако ги смачка принципите и ги искористил околностите.

Или е моето прашање обично моралистичко просерување.

Марш

15 февруари

ЗНМ и ССНМ во петок ќе организирале „Марш за одбрана на новинарското достоинство.“

Морав под итно да седнам на студената тоалетна шоља во надеж дека ниската температура од газот ќе ја изнивелира сонливата загреаност на мојот мозок и ќе ми помогне да дојдам до точен одговор на прашањето:

„Ма, људи моји, је ли то могуќе!!!“

Значи, нема да има марш за одбрана од новинарското недостоинство, од новинарскиот терор и радиоактивност, како што ми се стори во првото читање на прогласот, туку Марш за одбрана на новинарското достоинство.

Океј.

Ќе ги оставам загубените во просторот и во времето да парадираат меѓу Владата и Собранието, а јас во тоа време, демек петок, во „Кофи фектори“ ќе организирам Марш со седење и пиење против сераторите што ќе маршираат.

Против отсуството на елементарно достоинство како доминанта во медиумската сфера, против несвеста во какви срања самите медиумски работници се потопија или дозволија да ги потопат политичките лудаци, хохштаплерите, авантуристите и злосторниците.

Гледајте вие што пишуваат во својот проглас ЗНМ и ССНМ, главешините на катастрофата што остана од некогашната високорангирана професија.

Врзете се, затоа што влетуваме во опасни турбуленции од политичка и општа неписменост и одлепеност која им овозможува на киселите зелки смрдеата да ја бараат исклучиво надвор од кацата.

ССНМ и ЗНМ ги повикуваат сите медиумски професионалци да се приклучат на маршот, на кој ќе бидат доставени и барања до Владата и Собранието за итно донесување на неопходните закони кои се важни за правата на новинарите и работата на медиумите и нивно доследно имплементирање, а ќе биде побарано јавните функционери и политичарите да ги почитуваат новинарите и снимателите, да се стави крај на агресивниот државен пи-ар, да се даде поддршка за локалните новинари и медиуми, да се почитуваат работничките права на новинарите и медиумските работници, како и да се обезбедат безбедни услови за работа на новинарите и медиумските работници.

ССНМ и ЗНМ ги повикуваат сите медиумски професионалци на протестен марш на кој заеднички и сплотено ќе го изразиме нашето незадоволство од нападите врз новинарите, навредите и понижувањата од политичарите, нелојалната конкуренција, небезбедните услови во кои работат новинарите, лошата социо-економска состојба…

Кмекме кмекме кмекме…

Офелијо, дај ми марамче…

Закони, имплементација, милост…

Сладолед нема да бараат, пиво-јок, специјално фрлање на светиот крст и светата полумесечина само за новинари-не. Бесплатен четврт бурек со урда, два пати во неделата-јок.

Особен впечаток ми остави барањето „да се стави крај на агресивниот државен пи-ар.“

Каква категоричност.

Јебо те бог.

Каков државен пи-ар кога од Жмицко, Пандов, Лигњата и Хер Флик, од Гоце Делчев и бугарските клубови, заедно со Кикифрики, Коцарев и другите антидржавни пи-ари, човек не може да види кинески балон на небото, ниту кој месец е трудна Ријана, натинг.

Значи, ќе се бара „да се стави крај на агресивниот државен пи-ар.“

Изборот на зборовите и целата конструкција на оваа реченица се многу важни затоа што, можете да ми верувате, не се излезени од главата на Младенчо.

Сигурно.

Демек, не на шесте милијарди часови програмско време за пропаганда на Жмицко и ергелата чипирани идиоти од вмро туку на агресијата на петте секунди време за да се соопшти, да речеме, за потпишувањето на Фронтекс на македонски јазик или да се каже дека земјата е членка на НАТО.

Оваа забелешка е многу важна за да се знае кој е покровител и инспиратор на маршот. Како и на уривањето на големата зграда на новинарството како макета во турски земјотрес.

Поважно е тоа што соопштението говори за идејата дека решението за таканаречените новинари е во некакви закони и апели, до владата, до собранието, до политичарите, во замолницата да не ги тепаат и да не ги навредуваат…

Без трунка свест дека проблемот е во нив, дека тие се проблемот, дека се одговорни за уништената чудоредност на заедницата, за испокинатите лигаменти и синапси и дека решението мора да се бара во превртувањето на секој од нив наопаку.

Буквално наопаку.

Во професионална, морална и светогледна односно филозофска смисла.

Особено во светогледска.

Во обидот да излезат од идеолошкиот меур во кој се затворени.

Од вморонската интерпретација на стварноста и на светот.

И на самите нив.

Заедно со сета медиумска инфраструктура.

Сè треба да оди на тешка операција.

Од А до ШЧ.


Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.
Next Post

Зеленски на Минхенската безбедносна конференција: Украина ќе победи и ќе стане членка на ЕУ и НАТО

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

ФФМ и ФК Брегалница го осудија инцидентот во Штип

August 24, 2025
Фото: Цивил Медиа

Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

August 24, 2025

Мицкоски: Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ овие два дена е новитет на политичката сцена во Македонија, за Скопје се приоритетни три столба

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk