Цитирајќи изјави на меѓународни претставници, но и сегашни и поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, пратеничката Санела Шкријељ во реплика на денешната собраниска седница истакна дека на ВМРО-ДПМНЕ и треба отрезнување, додавајќи дека пратеници од оваа партија злоупотребуваат деца и ги минуваат сите линии на цивилизирана политика.
„За жал јас отрезнување во ВМРО-ДПМНЕ не гледам. Реалноста е дека токму оваа структура на ВМРО-ДПМНЕ и токму оној кој на хартија ви стои како почесен претседател доведе до еден неславен рекорд, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ никогаш подолго да не било во опозиција. Тоа е јасен показател дека секојдневно тонете ако партија, а за жал однесувањето покажува дека тонете и како луѓе“ порача Шкријељ.