ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Наспроти сето неизмерно зло, Украина живее. И ќе победи!

February 20, 2023 10:58
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ФРОНТ
Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Од првиот час на руската брутална инвазија, рашистичкиот поход против независна, суверена и демократска Украина, цивилите – жени, деца и стари – се жртви на руската злосторничка солдатеска и платенички банди составена од ноторни криминалци. И додека пишуваме и говориме овде и сега, Украина е мета на рускиот ракетен терор.

Оваа апсурдна и крвава војна ја врати ерата на империјалистички војни за освојување туѓи територии, завршена пред 80 години. Безбројни се споредбите со крвавите рововски битки од Првата светска војна. Само сето тоа е пострашно, затоа што оружјето денес има неспоредливо повисок дострел и разорна моќ. И намерно, плански и систематски се насочува кон цивилите.

Светската супер сила, Путинова Русија, трпи понижувачки порази на бојното поле од десет пати послабо вооружената но херојска одбрана на Украина. Единствената индустрија што функционира во Русија, која Путин ја претвори во зандана на садизмот и хоророт е – пропагандата. Па и таа полека губи на медиумските фронтови. Го знам тоа, бидејќи моите колешки и колеги и јас се наоѓаме на спротивната страна од фронтот на токсичните лаги што го отвори Путин против демократскиот свет.

Путин добро ја познава вредноста на пропагандата. Тој знае дека куршумите, бомбите и ракетите имаат експлозивно полнење, но нивната каписла за активирање се медиумите и пропагандата. Затоа инвестира во лагите, бидејќи вистината за него е болна и понижувачка.

Понижувањата во битките на линиите на фронтот долги по илјада километри, во борбата гради в гради, агресорите ги „компензираат“ со уништување на цивилната инфраструктура, приватните домови, училишта, болници, културни установи… Прават сѐ што може да предизвика болка, страдање и смрт.

Светот е восхитен и инспириран од хероизмот на Украина.

Од првиот ден, борбата на храбрите Украинци и Украинки за слобода е и борба за слобода на целиот свет. Тоа е незаборавна жртва човечката цивилизација. Жртва, за која целиот свет е благодарен. И јас лично, секој ден се будам со мислата на Украина, а тоа што не гледам воени страдања, уништување и смрт околу себе, знам дека се должи на храброста на Украинците и Украинките, на нивниот хероизам. И на тоа што мојата земја е дел од слободниот, демократски свет, дел и од военополитички сојуз, НАТО, чија вистинска вредност ја гледаме сега, во оваа војна. Никогаш порано не сум помислил дека вакво нешто ќе помислам или напишам, но реалноста на светот ги помести границите на поимањето и дефинициите за мирот. За жал.

Светскиот поредок во изминатите триесет години, по падот на Железната завеса, не беше совршен, но секој ден се менуваше кон подобро. Путин и неговата злосторничка клика му ставија крај на тој развој.

Империјалистичките амбиции на Путин се закана за целиот свет и се во директна спротивност со основите на меѓународното право и повелбата на ОН. Затоа, слободниот свет поита да ѝ помогне на Украина. Со таа помош, се чува слободата и демократијата на целиот свет. Тоа е и обврска на меѓународната заедница која, за волја на вистината, беше потоната во удобен дремеж цели 20 години и не успеа да ги согледа опасностите што демнат од Кремљ. Дури и сега е премногу бавна и се премислува, иако времето за решителна акција е повеќе од драгоцено и пресудно. Секоја минута изгубена во колебање чини животи.

Хероизмот на Украина се гледа на секој чекор. Но тој хероизам и пожртвуваност не се наоѓаат само на фронтовите.

Наспроти сето неизмерно зло со кое се соочува, Украина живее!

Државата функционира. Во незамисливо тешки услови, се вршат секојдневни поправки, транспорт, снабдување, комуникации – за да се обезбедат основни услови за живот. Децата и студентите учат. Се собираат даноци, се исплаќаат пензии и плати, и социјални надоместоци. Се води грижа за раселените лица, за трауматизираните, за оставените без дом, за оние што ги изгубиле семејствата. Се одвива трговијата, се организира производството. Државните институции функционираат, власта се бори против корупцијата. Украина се грижи и за светот – да не го зафати глад поради блокадите и грабежот на житните култури што го спроведе руската солдатеска во текот на жетвата минатото лето. Значи, живее! Украина живее, иако Путин мислеше дека ја води својата војска „на прошетка“ од неколку дена.

Украина ќе победи.

Перемога України!


Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Руска агресијаУкраинахероизам

НАЈНОВО

(ЕКСКЛУЗИВНО) Кина – тивкиот партнер во војната на Путин

June 1, 2025

ПСЖ го потопи Интер во финалето на Лигата на шампионите

May 31, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Арсовска достави докази во ОЈО во врска со легализирани дивоградби во Чаир спротивно на закон

May 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Автодиверзија врз сопственото постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Француска собарка – новиот симбол на политичкиот речник на ВМРО-ДПМНЕ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пендаровски за Дојче Веле: Оваа власт нема намера да оди кон ЕУ, одиме кон држави кои не се демократски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказната на Соња Иванова и нејзината книжарница на отворено

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk