За СДСМ социјалната правда и родовата еднаквост се врвни приоритети во политичкото и институционално дејствување. Тоа, го покажуваме на дело, преку бројните мерки и политики реализирани во иминатите пет и пол години кои имаат за цел унапредување на животот на сите граѓани, се вели во денешното соопштение од Бихаќка.
„Минималната плата ја зголемивме два и пол пати. Изградивме близу 80 градинки.
За жените земјоделки прв пат во историјата на нашата држава обезбедивме надоместок за мајчинство , односно породилно отсуство. Евидентни се резултатите од политиките за економско јакнење на жените што е основен предуслов за силни и моќни жени кои се двигателот на промените во општеството. Ја зголемивме социјалната помош за 300 посто.
Воведовме детски и образовен додаток за 70 илјади деца. Воведовме социјална сигурност за повеќе од 10 илјади стари лица преку социјална пензија.
Обезбедивме лични и образовни асистенти за над 1000 деца со попреченост.
Обезбедивме помош и нега во домот за над 700 стари лица во нивните домови. Ја зголемивме пензијата за над 15% за само една календарска година. Ги донесовме измените на Кривичниот закон со кои воведовме нови кривични дела, демнеење и родово базирано насилство и ги заостривме казнените политики за кривични дела-насилство врз жените.
Со тоа се усогласивме со одредбите од Истанбулската Конвенција. Го подготвивме новиот Закон за родова еднаквост со кој ќе биде воспоставен Секретаријат за родова еднаквост“, веат од владејачката партија.