Во осум училишта во Скопје и во две во Прилеп во тек се безбедносни проверки, откако утрово на нивните елктеронски адреси пристигнале закани за поставена експлозивна напарава.
– Денеска, до 09.30 часот е пријавено дека на електронските адреси на осум училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Исто така, добиена е закана и во две училишта во Прилеп. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, се наведува во соопштението на МВР.