Демократската унија за интеграција најостро ги осуди скандалозните изјави на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, кој е и потпретседател на најголемата опозициска партија, кажани вчера од највисоката законодавна институција – Собранието.
– Не само што се скандалозни, туку и поттикнуваaт војна и шират омраза меѓу населението, порачаа од партијата на Ахмети.
Демократската унија за интеграција ја повика ВМРО-ДПМНЕ да се огради од овие „поттикнувачки изјави“ на Николоски искажани во Собранието и истовремено апелира истите изјави да ги осудат и другите партии кои работат на тоа државата да оди напред.
-Не треба да се дозволи во никој случај, кога земјата е во најважните моменти да чекори по европскиот пат, некој да ја врати со години назад со декларации кои поттикнуваат војна. Демократската унија за интеграција ги уверува граѓаните дека како проевропски и проамерикански субјект ќе работи на зачувување на демократскиот и европски дух на земјата и ќе работи иднината на новите генерации да биде во големото европско семејство, стои во соопштението.
Николоски синоќа изјави дека мора сериозно да се размисли за темелите и за основите на кои е поставена оваа држава како и за рушењето и за ударот врз тие темели на кои е поставена Македонија.
„Со обидот да се уништи било каков плурализам кај Албанците во Македонија и со обидот сите албански политички партии да станат дел од Владата практично се удира во темелот на функционирањето на македонската држава затоа што се рушат балансите и во исто време мнозинската етничка задница во овој случај тоа е македонскиот народ кој е силно фрустриран затоа што политичката партија која победува на претходните два изборни циклуси кај Македонците а тоа е ВМРО-ДПМНЕ останува во опозиција од една страна, а од друга страна се уништува или убива опозицијата во албанскиот политички кампус“, посочи Николоски.