ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мелони во Кијив го критикуваше говорот на Путин: Тоа беше пропаганда

February 21, 2023 21:31
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска во Кијив го оцени говорот на рускиот претседател Владимир Путин како „пропаганда“ и вети континуирана италијанска поддршка на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Мелони во главниот град на Украина пристигна со воз од Полска, а ова е нејзина прва посета на Украина откако во август ја презеде премиерската функција како лидерка на победничката десничарска коалиција.

Дел од моето срце се надеваше на некои поинакви зборови – чекор напред … Тоа беше пропаганда, истакна Мелони, коментирајќи го говорот на Путин. Таа ова го изјави за време на посетата на Ирпин, град во близина на Кијив каде што беа пронајдени масовни гробници по повлекувањето на руските војници.

Путин во денешниот говор рече дека Москва ќе ги постигне своите воени цели во Украина, а Западот го обвини дека се обидува да ја уништи Русија.

Мелони пристигна во Кијив еден ден по посетата на американскиот претседател Џо Бајден на главниот град на Украина пред годишнината од руската инвазија на 24 февруари.

Таа нагласи дека секој мировен договор што подразбира предавање на делови од Украина на руските сили „не може да биде вистински мир“. Според неа, поразот на Украина може да доведе до руска инвазија врз други европски земји и вети продолжување на италијанската воена поддршка за Кијив.

Мелони нагласи и дека Италија планира да биде домаќин на меѓународна конференција за обнова на Украина во април. Пред Ирпин, каде што им достави помош на жителите, Мелони ја посетила Буча, друг град во кој беа пронајдени масовни гробници по руското повлекување.

Русија ги отфрли обвинувањата дека нејзините сили се одговорни за воените злосторства во двата града.

Градоначалникот на Буча, Анатолиј Федорук, на италијанската лидерка и подари комеморативна монета направена од чаури и гранати пронајдени во Буча. Таа положи и цвеќе на споменикот на жртвите на војната.

Tags: говорЗеленскиМелонипропагандаПутин
Next Post

Почувствуван земјотрес во Кичево и околината

НАЈНОВО

Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

August 19, 2025

„Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

August 19, 2025
Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk