ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Почна исплатата на платите на здравствените работници, Бесими не знае дали е платен откупот за враќање на податоците на ФЗО

February 21, 2023 08:49
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО

Почната е исплатата на платите на здравствените работници, а од денеска треба да почне и исплатата на боледувањата и породилното отсуство.

Исплатата на платата на здравствените работници, како што информираа вчера од Фондот за здравство (ФЗО), ќе се врши етапно и се очекува да заврши за 48 часа. Сите услуги на ФЗО се ставени во функција по хакерскиот напад.

Во текот на денешниот и утрешниот ден, се очекува да заврши и исплатата на боледувањата и на породилните отсуства.

– Тоа значи дека веднаш ќе започне исплатата на боледувањата кои биле внесени до 5.2.2023 година. Податоците за боледувањата кои се доставени по овој датум ќе започнат да се внесуваат во подрачните служби за и тие да влезат во системот за редовна исплата, соопшти вчера ФЗО, најавувајќи дека е во тек и враќањето во функција на ДРГ-системот, за евиденција на болничките услуги.

Министерот за финансии Фатмир Бесими синоќа во гостувањето на ТВ „24“ се осврна и на проблемите со хакерскиот напад и рече дека нема добиено информација во врска со наводите кои се појавија во јавноста – дека хакерите побарале откуп за да ги вратат податоците кои ги украле во сајбернападот со кој ФЗО се бореше цела недела.

„Во период на хибдридни војни, ни работиме на безбедноста на системот на трезорот. Сите треба да сме внимателни во изјавите. Немам информација за откупот, а службите ќе кажат дали тоа се класифицирани информации. Ако јас имам сертификат за државна тајна, доколку има такво нешто, јас имам пристап, но немам добиено такви информации“, додаде министерот.

Tags: БесимиздравствоФЗО
Next Post
Фотомонтажа: РИБАРО

СДСМ: Нема рестрикции, има 40% поголемо производство на струја

НАЈНОВО

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk