ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Проф. Пандев: Наша интенција е во секоја катедра во странство да имаме професор по македонски јазик

February 21, 2023 12:48
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Светот денес го одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик (21 февруари), кој УНЕСКО го прогласи за меѓународен ден во 1999 година. Овој ден се слави низ целиот свет со разни активности насочени кон зачувување и унапредување на мајчините јазици.

Со денот за промовирање на лингвистичката и културната разновидност се потенцира важноста и уникатноста на секој јазик на планетата Земја.

За да постигнеме одржлив развој, потребно е младите ученици да имаат можност да учат и да го негуваат својот мајчин јазик, но да учат и други јазици. Токму преку совладувањето на јазикот кој се говори дома, односно мајчиниот јазик, децата учат да читаат и пишуваат, а потоа ги надградуваат и сите останати знаења.

За тоа како државата се грижи и го негува македонскиот јазик, побаравме мислење од професорот Димитар Пандев кој предава на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Според него, државата се грижи преку цел еден образовен систем на културни институции.

-Образовната мрежа постои, си има луѓе на соодветни места, се залагаат колку што можат. Јазикот функционира најнормално. Ако нешто зачкрипи не е ништо проблем. Државата вложува во образовниот систем, обуки постојат, Друштво за македонски јазик. Институции што се залагаат. Ако некој нешто сака нешто плус, треба да видиме што е тоа плус или што е тоа што не чини. Се што не чини е меч со две острици, порачува Пандев за „Локално“.

Професорот смета дека треба да го имаме во предвид образовниот систем во различни земји во однос на тоа дали треба повеќе катедри на македонски јазик да се отвораат во странските земји.

-Имаме земји во кои што постои строг однос професор – студент и во кои што особено внимание се посветува на изучување на јазикот што се учи преку лекторати и се учи од најниско до највисоко рамниште и тие лекторати нам ни се потребни. Во многу земји сега се отиде на принцип предметите да се учат според определен број на запишани студенти, за жал така е и кај нас. Тоа доведе до укинување или намалување на определени предмети на странски јазици. Во основа македонскиот јазик се учи на многу катедри. Прашањето е дали го предава наш човек и дали го предава професор од таа средина и дали постои ангажиран професор од таа средина што го предава македонскиот јазик. Наша интенција е во секоја средина и секоја катедра во странство да имаме тамошен професор по македонски јазик кон кој што би се приклучил и нашиот лектор. На тој начин предметот си има свое место во образовниот систем на таа земја. Ние имаме славистички катедри на кој што македонскиот јазик солидно се проучува и водиме сметка дека тие вадат солидни кадри, оценува Пандев.

Целиот текст на следниот линк!

Tags: катедрикултураМајчин јазикМакедонијаПандев
Next Post
Фото: Укринформ

Над 8.000 цивили загинаа од почетокот на војната во Украина, стои во извештајот на ОН

Shortcut

Најново

Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk