Дамјан Манчевски, екс министерот за информатичко општество и администрација во синоќешната емисија „24 Анализа“, во однос на хакираните податоци на ФЗО, посочи дека треба точно да се знае какви се тие податоци и да се види колку се тие релевантни.
„Во овој случај тоа се податоци на луѓе-пациенти, меѓутоа да бидеме искрени, кому во светот би биле потребни тие податоци? Треба да направиме приоритизација што е критична инфраструктура и што може да браниме, бидејќи се не може да се брани. Сметам дека имаме направено едно добра база на критична инфраструктура и ние како граѓани треба да пазиме како ги споделуваме нашите податоци“, истакна Манчевски.
Манчевски додаде и дека ФЗО е една од поспремните институции на полето на ИТ од аспект на ресурси и свесност и дека во вакви случаи најважна е превенцијата.