ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Наместо на крајот од 2024, просечната плата надмина 34.000 денари на крајот од 2022 година

February 22, 2023 13:36
in PMD, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Просечната плата порасна на 34,364 денари. Според последните податоци на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2022 година, во однос на декември 2021 година, изнесува 114.8.

-Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Преработувачка индустрија (20.4 %), Уметност, забава и рекреација (20.2 %) и Административни и помошни услужни дејности (19.0 %), соопштија од Државниот завод за статистика.

Износот беше ветен за крајот на 2024 година, пред истекот на мандатот на Владата.

-Просечната плата до крајот на мандатот да порасне за 30%, а минималната до 40%. Со тоа до крајот на мандатот постигаме просечна плата за вработените ширум целата земја од 34 илјади денари. Минималната плата којашто беше во 2016 година, за времето на Мицкоски и Груевски, девет илјади денари ќе ја достигнеме до 2024 година да биде 120% повеќе од тие девет илјади денари. Ќе ја покачиме за 40%, односно ќе постигнеме минимална плата од 20 илјади денари. Пензиите ќе ги покачиме согласно порастот на животните трошоци и со секој раст на економијата ќе имаме ново покачување на пензиите. Најниските пензии ќе бидат покачени 21% до крајот на следниот мандат, кажа тогашниот претседател на СДСМ, Зоран Заев на предизборен митинг во Штип, во јуни 2020-тата година.

Со новиот износ на просечната плата доколку се земе предвид дека просечната плата во декември 2017 година изнесувала 23,850 денари растот за само пет години е 10,514 денари.

Во меѓувреме минималната плата континуирано расте, а се менуваат и критериумите за годишно усогласување на минималната плата со 50% од годишниот раст на просечната плата и 50% од растот на трошоците за живот, согласно податоците од Државниот завод за статистика.

Растот на просечната плата се припишува на зголемувањата на платите и во платите во приватниот и во јавниот сектор. Инаку, по сектори, само во ребалансот од минатата 2022 година беа испланирани средства за раст на платите од 15% во правосудството, средното и основното образование и детската грижа, 7% раст на платите во високото образование и 5% раст на платите во МВР и во здравството.

Од март минималната плата се очекува да порасне на 20.500 денари, за разлика од досегашниот износ од 18 илјади денари, а ќе растат и пензиите. Новата методологија за пресметување на пензиите даде резултати и таа предвидува континуиран раст согласно трошоците за живот и просечната плата, а не како порано, кога пензиите се зголемуваа пред избори, еднократно. Односно за една година пензионерите ќе добијат зголемување од минимум 16 проценти. Новата методологија за пензии Владата ја донесе заедно со Партијата на пензионерите, Сојузот на пензионерите. Со новото зголемување во март, од март 2022 до март 2023 – а со оглед на тоа дека има методологија во којашто 50 проценти е раст на инфлација, а 50 проценти е раст на просечна плата, зголемувањето ќе биде сигурно.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ДЗСпросечна плата
Next Post

СЗО: Влијанието на војната врз менталното здравје е без преседан во Европа од Втората светска војна

НАЈНОВО

Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд

October 15, 2025
Фото: Фон дер Лајен / X

„Топката е во вашиот двор“ – Урсула фон дер Лајен со порака до Владата за уставните измени и членството во ЕУ

October 15, 2025
Фото: МИА

Значително oштетен споменик на културата во Струга при ископ за изградба на соседен објект

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 15 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk