На електронските адреси на неколку училишта во Скопје пристигнала закана за поставени бомби.
Антитерористички тимови се на терен за безбедно да ги евакуираат учениците и да ги проверат објектите.
Министерството за внатрешни работи синоќа ја извести јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со вчерашните пријави по добиените пораки на електронски адреси со закана за наводно поставена експлозивна направа во 86 училишта, една градинка и Завод за рехабилитација во Скопје, како и едно училиште во Прилеп и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.
Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од антитерористички тимови и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.