Михајло Подољак, советник на украинскиот претседател, го отфрли кинескиот предлог за завршување на војната во Украина, оценувајќи го како „нереален“.
Пекинг не треба да се обложува на агресорот кој го прекршил меѓународното право и ќе ја загуби војната, напиша Подољак на Твитер.
If you claim to be a global player, you don’t offer an unrealistic plan. You don’t bet on an aggressor who broke intl law and will lose the war. It’s not far-sighted. As someone who plans for decades doesn’t play “?? 3-day games.”
China, the “window of opportunity” is not endless— Михайло Подоляк (@Podolyak_M) February 25, 2023
Документот на кинеската Влада за Украина во 12 точки беше објавен вчера, на првата годишнина од руската инвазија. Во него, Пекинг повика на мировни преговори, апелирајќи до сите страни да избегнат нуклеарна ескалација и да ги прекинат нападите врз цивилите. Тоа е изјава што, се чини, дека останува при ставот дека Западот го распламтува конфликтот, а аналитичарите ја отфрлија како „непопустлива“.
Документот, за кој Украина не е консултирана, претпазливо го поздрави Кијив. „Кина започна да зборува за Украина и тоа не е лошо“, истакна Володомир Зеленски на вчерашната прес -конференција.
Ми се чини дека има почит кон нашиот територијален интегритет, безбедносните прашања, додаде украинскиот претседател.
Подољак вчера изјави дека секој план за крај на руската војна во Украина мора да го вклучи повлекувањето на руските трупи назад кон украинската граница од 1991 година за време на распадот на Советскиот Сојуз.
Исто така, и американскиот претседател Џо Бајден изрази скептицизам во врска со мировниот план на Кина за Украина.
Идејата дека Кина може да преговара за крај на војната не е разумна, рече Бајден во интервју за телевизијата Еј-Би-Си.
Американскиот претседател тврдеше дека „нема ништо во планот што ќе има корист некому освен на Русија. Рускиот претседател Владимир Путин го поздравува планот, па како може да биде тоа добра работа?“, праша Бајден реторички.
Тој потврди дека засега САД нема да испратат борбени авиони Ф-16 во Украина, како што инсистира неговиот украински колега Володимир Зеленски.
На Зеленски сега не му требаат Ф-16. Засега отфрлам испраќање такви воени авиони, додаде Бајден.