Премиерот Димитар Ковачевски, денеска на прес-конференција, го обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека по негова наредба биле правени недолични видеа за неговата малолетна ќерка на социјалната мрежа Тик-ток минатата година.
„Има една работа што не сум ја кажал. Директно по негова наредба, за мојата малолетна ќерка, во текот на јули минатата година, кога се носеше францускиот предлог, беа правени недолични видеа на Тик-ток и јас за ова од таков нечовек не барам извинување“,
рече премиерот.
Премиерот го обвини Мицкоски и дека наредил да се напаѓа неговата сопруга од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на седницата за реконструкција на Владата.