Денеска во Охридскиот суд започнува судењето за предметот околу претепувањето на секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, Христијан Пендиков.
Обвинет е 24-годишниот македонски државјанин Илија Спасески кој пред судот ќе одговара дека со раце и нозе по главата и телото го тепал Пендиков.
Неизвесно е дали на судењето ќе се појави Пендиков кој е во Софија. Според процедурите тој ќе треба да изврши препознавање на напаѓачите.