Албанскиот премиер Еди Рама ги повика денеска Белград и Приштина да продолжат да работат на брзото спроведување на договорот за нормализација на односите.
„Ова е важна пресвртница за регионалниот мир и силно ги охрабрувам сите страни да продолжат да работат за брзо спроведување“, напиша Рама на Твитер.
Тој посочи дека, кога станува збор за мирот и соработката, Албанија е и ќе остане земја која цврсто верува во неа и претставува пример.
„Ние целосно го поддржуваме секој напор за да се надмине минатото“, посочи тој.
Рама додаде дека не би сакал никој да го обвини премиерот Курти за предавство или заборав, туку сите да разберат дека ја направил вистинската работа, направил многу важен прв чекор кон излегување од вчерашната стапица.
„Мирот и соработката се клучни за иднината што им ја должиме на нашите деца во овој регион, што со векови беше опустошуван од недостигот на мир и соработка“, нагласи Рама.