Лидерот на Левица, Димитар Апасиев уште еднаш покажа дека е лажен борец за работничките права, застанувајќи на страната на големите компании и пекарите кои во кризите остваруваат милионски профити на грбот на работниците.
Неговата активност покажува дека Левица и Апасиев не се грижат за граѓаните и работничките права, туку единствено им се важни нивните политички кариери и добивањето на ситни политички поени.
Тој во обид да се искритикува актуелната власт, која ја замрзна цената на лебот на 33 денари, застана против оваа мерка која треба да обезбеди стабилизирање на цената на овој основен прехранбен производ.
На овој начин тој ги оправдува злоупотребите и неконтролираното подигнување на цените на лебот од страна на компаниите, кои ја користат оваа криза да креираат милионски профити, притоа користејќи повластени стапки на цена на електрична енергија, обезбедени од Владата.